Со божествена Ѓурѓовденската литија Струга денес се поклони на патронот Победоносен и Великомаченик Ѓорѓи.
Голем број врници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица со чудотворните мошти на светителот и Карниниската икона на Бгородица го осветија градот на мостовите.
„Силно го излеваат својот благослов овде меѓу нас и придонесуваат за сеопштата радост. Велат сеопшта и сенародна бидејки околу оваа еордија е обединета целата наша земја и соседните простори. Христос Воскресе!, вели Ефимија монахиња од Рајчица.
Стружани од најмладо до најстаро, велат овие денови во срцата им се буди духовна радост, ја чувствуваат милоста на светителот.
-„Сите сме среќни и исполнети и сме свдоци на вој настан, среќна, горда и радосна сум што сум православна христијанка“, вели една верниќчка.
„Навистина преубаво е чувството им испраќам на сите љубов, благодат. Христос Воскресна“, вели еден верник.
„Не само балканска литијата туку доаѓаат луге од Австралија, Америка иселеници кои сакаат да присуствуваат на оваа прекрасна литија се радува Свети Горги“, вели друга верничка.
Овој величествен духовен настан , денес една од најголемите литии на Балканот, се негувала пет векови, а е возобновена последниве тринаесет години.
На овогодинешната литија во Струга присуствуваше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.