ФОТО: Езерското дерби во знакот на хуманоста

Ракометното езерско дерби, по долги години, на најдобар можен начин се враќа на домашната ракометна сцена.

 

Во еуфоричен  амбиент во преполната  сала „Билјанини извори“ пред околу 3.500 гледачи, Охрид славеше против Струга со 26-23…

Но, и сето тоа е можеби најмалку важно ако се знае дека навивачките групи на двата тима, „Рибарите“ односно „Паткарите“ беа во преден план сервирајќи извонредна атмосфера, ретко видена во домашните спортски сали. Во Македонија можеле да има и две навивачки групи во една иста арена и сето тоа да мине и без најмали проблеми, па дури и со заедничка хуманитарна акција, пишува Екипа.

И двете навивачки групи повикаа македонските граѓани да се вклучат во акцијата за собирање финансиски средства за 15-годишната охриѓанка Сара Настоски, која боледува од тешка болест, а и се итно неопходни 200.000 евра за хируршка интервенција надвор од земјава… (Донирајте по 100 денари со телефонски повик на: 143-102 (Македонски Телеком) и 143-480 (ВИП)).

На спортскиот настан имаше и кутии за собирање парични срдства а ракометниот клуб парите од продадени карти воедно ги донира за лекување на нашата Сара. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани