Полиција пред куќите на охридските пратеници

Полициско обезбедување 24 часа стои пред куќите на охридските пратеници.

Под  полициска лупа се куќите на Љубен Арнаудов и Сашо Василески . но и домот на пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев. 

Покрај тоа, полициски патроли го надгледуваат и домот на Крсто Мукоски во Вевчани.

МВР и премиерот Зоран Заев веќе проценија дека овие пратеници ќе бидат под закана поради гласањето за уставните измени за што им гарантираа безбедност. 

На социјалните мрежи не стивнуваат  закани и клетви особено до пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои ги поддржаа уставните измени.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани