Со измени во законот за стечајци нови 1600 лица ќе добиваат надомест

Со измени во законот за стечајци чија распрва ќе продолжи на парламентарната седница закажана за 24 октомрви, ќе се зголеми опфатот на лица кои ќе добиваат надомест од 7.800 денари месечно.

Досега ваквото право го остваруваа 6.498 стечајци, но не и 1.600 невработени кои не го исполнуваа условот , да не биле вработени на неопределено време односно работниот однос да не им прекинал по нивна волја.

Анализата на досегашната имплементација на Законот за стечајци покажала дека правото на паричен надоместок во висина од 7.800 денари го оствариле 6.498 лица.

– Според овие податоци, голем број невработени лица ги исполнуваат сите услови за стекнување материјален надоместок по овој основ, освен условот – по остварување на правото на паричен надоместок да не биле вработени на неопределено време, односно работниот однос да не им престанал по нивна волја или вина. Исполнувањето на овој услов е тешко да се докаже и придонесува за создавање нерамноправна положба на стечајците – изјави пратеничката Јагода Шахпаска. 

Со овие законски измени го отстрануваат овој услов. Се создава можност, правото за материјално обезбедување да се оствари без разлика дали работниот однос склучен по користењето на паричниот надоместок бил на определено или на неопределено време, како и дали престанал по волја и вина на работникот.

– На овој начин се создаваат услови дополнителни 1.600 стечајни работници да бидат материјално обезбедени со надоместок. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани