ФОТО: Гостите оставаат купови отпад низ Охрид

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона. Градот е преполн до последно место.

Луди забави до раните утрински часови како во светските метрополи. Да тоа е убавата страна, но грдото лице се куповите отпад низ градот. На СРЦ „Билјанини извори“ екипите на Комуналец и вчера и денес имаат полни раце работа.

Иста е сликата насекаде во градот. Се јаде се пие а отпадот наместо во кропа се фрла на среде улица, на плоштад,  во парковите па дури и во  езерото.

Охридски Комуналец работи во три смени. 

 

-Покрај тековните активности, поради зголемениот обем на работа и согласно договорот со “Авалон продукција” и С.Р.Ц. “Билјанини Извори” се чистеше стадионот после концертот. Ангажирани беа десет комунални работници од 5:00 часот во раните утрински часови. Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” продолжуваат со активностите и после наредните концерти, информираат од „Комуналец“. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани