ФОТО: Илјадници дебрчани на еколошко востание против депонија

Со 15 минутно биење на камбаните денес започна масовното сенародно еколошко востание во славна Дебрца. Илјадници жители денес присуствуваа на големито протест!

 Токму на Денот на екологијата!, симболично  во пет до дванаесет часот, камбаната на “Свети Атанасија”, во историското село Црвена Вода,  го означи почетокот од еколошкиот бунт на жителите од општина Дебрца, против владината намера за изградба на регионална депонија на територијата на оваа општина, кај селото Годивје, на неколку стутини метри од новиот автопат во изградба, Кичево-Охрид.

Во траење од два часа беше запрен сообраќајот на автопатот Охрид-Скопје, откај кичевската страна и кај Ново Село.На протестот се обрати Полковник Добре Вељаноски, по потекло од Годивје (најзасегнатото село), претседател на Ветераните од Охрид и Дебрца:

-„Ве повикувам, едногласно да ја отфрлиме владината одлука за изградба на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југозападниот плански регион, во село Годивје!
Го повикувам премиерот Зортан Заев, самиот да си ја отповика одлуката на Владата, а да се повика на сопствените зборови, дадени лани во Белчишта, дека ќе го спречи,токму она што денеска сака да го гради!
Го повикувам, градоначалникот на општината Зоран Ногачески, како и советниците, во целост да ја почитуваат јасно изразената волја, со скоро 100 постотна референдусмака поддршка!
Го повикувам надлежното министерство да отвори нова дебата и расправа по ова прашање, која ќе биде транспарентна, со вклученост на сите засегнати страни, како и стручната јавност, екологистите, еколошките здруженија и граѓаните да го изнесат својот став.
Ги повикувам советниците на општина Охрид, заедно со градоначалникот Јован Стојаноски, јавно да го кренат својот глас: Ова прашање, колку што е прашање на Дебрца, исто толку е и прашање на Охрид, ако не и повеќе.
Народе македонски: Дебрца никој не ни ја дал, од никого не сме ја наследиле, туку сме ја позајмиле од идните генерации!
Дебрца е нашата мајка – земја! Она што ќе ја снајде нашата мајка, ќе ги снајде и нејзините чеда!
Да живее Дебрца, да живее Република Македонија!“

Порака испраати и Трајан Петровски, писател, дипломат,општественик:

-„Кажете гласно дека најголемата одговорност ќе падне врз плеќите на премиерот Зоран Заев, како првоодгворен во естаблишментот, независно кој е директно одговорен од наводните ,,големи стручњаци” натоварени со привилегии, кои се зафатиле со ваква сериозна задача.
Кренете црвен картон – немат отстапница!
Борбена и славна Дебрца, македонската Прва Слободна територија (читај Република) во еконт на Ослободителната војна против фашизмот, не смее да дозволи од светилник на историјата да се претвори во буниште на историјата и на иднината. Дебрца не е ничија сермија.

Дебрца (славна) е Првата македонска територија (читај Република) уште од 1943 година. Без неа не ќе беше ни АСНОМ.
Во Дебрца се формираа првите воени единици на македонската антифашистичка, ослободителна војска. Баталјонот ,,Мирче Ацев” беше формиран на Славеј Планина на 18 август 1943. Првата Македоно-косовска ударна бригада беше формирана во славно Сливово, во ноември 1943.
Во истата таа година беа отворени првите училишта на македонски јазик. Беа создадени првите органи на народната власт.
Во Дебрца беше седиштето на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.
Во Дебрца беше усвоен Првиот Манифест до македонскиот народ.
Во Дебрца беше формирано првото Верско поверенство, почетен чин на Автокефалноста на македонската црква.
Во Дебрца дејствуваше Првата воена болница, среде планина. ВоДебрца беа стационирани првите воени сојузнички мисии. И да не набројувам повеќе. Има уште многу први работи. Да не ги спомнувам палежите и загинатите за слобода.
Дигнете се еколози, љубители на недопрената природа! Во Дебрца не смее да се гради никаков објект од типот на депонија, заради заштитата на Охридското Езеро и забраните од УНЕСКО. Реката Сатеска со сите околни притоки е поврзана со водите на Охридското Езеро. Локацијата за депонија во Годивје е покрај Автопатот за Охрид, на растојание од триста метри“.

ФОТОГРАФИИ:

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани