Вчера на брегот на охридско Љубаништа беше пронајдено тело на мртва жена. Но освен информацијата за нејзиното пронаоѓање, во јавноста нема никакви детали од МВР.
Охриднет.ком испрашувајќи жители на селото Љубаништа дојде до неофицијални информации дека пронајденото мртво тело било во поодмината фаза на распаѓање.
Не се знае возраста на почината, но се претпоставува дека била средовечна жена, која подолго време била удавена, па езерските води вчераутро го исфрлиле телото на брегот.
Засега непотврдено, жената била по потекло од струшко, пред извесно време пријавена како исчезната, а по неа трагало семејството и полицијата.
Телото плутало на самиот брег, жители од Љубаништа го забележале и пријавиле во полиција. Веројатно се уште не е утврден идентитетот на покојната, а не се знаат ни причините за смртта, дали се работи за убиство или можеби самоубиство.
Од МВР се очекуваат официјалните детали.
Соња Рилковска
Охриднет.ком
