Над 6000 граѓани од Југозападниот регион се имунизираа заклучно со вчера.
Во вакциналниот центар „Билјанини извори“ во Охрид вакцинацијата тече според предвиденото темпо.
Граѓани од сите општини Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Дебар, Кичево и Ресен со закажани термини доаѓаат и се вакцинираат со кинеската вакцина Синофарм.
Од сите вакцинирани нема ниту еден со нус ефекти.
Задоволни сме од интересот на граѓаните за вакцинација, се се одвива беспрекорно, вели Горан Балевски, директор на охридската болница.





