Канео кога беше на охриѓани. Без узурпации и без дивоградби.
Со оваа фотографија фановите на фејсбук групата „Охрид слики од минатото“ се присетуваат на 1975 година кога познатата рибарска населба беше прекрасна живописна плажа на сите граѓани.
-„Канео, 1975 година, кога беше НАША, природна плажа, со карпи, камења и песок, а не како денес, целосно приватизирана како да е лично наследство на поединци, окована со железни, бетонски и дрвени платформи, начичкани лежалки и кафеани и без трошка душа која ја имаше во минатото. Жално, за нас што ја паметиме таква, а уште пожално за тие што никогаш немале прилика да ја видат и да уживаат во нејзината природна убавина, па еве, барем вака, нека ја видат на по некоја фотографија од нормалното време во градов!“, пишуваат охриѓани во групата.