Партија за општествен и економски напредок (ПОЕН) вчера одржа две изборни општински собранија. Во Дебар и во Охрид. За претседател на охридскиот огранок избран беше Вахид Мемед.
Претходно ПОЕН формирашеопштински организации и избра раководства во Прилеп, Делчево, Неготино, Кавадарци, Росоман и други места.
– Насекаде членството покажува огромна ангажираност во тековните активности на Партијата – вели основачот и прв претседател на ПОЕН, проф.д-р Рубин Зенон.
Со задоволство можам да констатирам дека за неполна седмица активна акција успевме да ги собереме законски потребните минимум 1000 изјави за пререгистрација на Партијата. На сите им благодарам на довербата, ПОЕН продолжува со своето политичко дејствување – напоменува Зенон.
ПОЕН на политичката сцена во Македонија, дејствува со ова име, откако поранешната Алијанса за позитивна Македонија, се ребрендираше.
-Партијата донесе одука да се преименува во Партија за општествен и економски напредок, или скратено ПОЕН, а веќеја почнавме процедурата за пристапување кон Европската слободна алијанса (ЕФА) како придружна членка.
Објаснувајќи го полето на дејствување и припадноста во политичкиот спектар, претседателот Зенон вели дека се тие коалициски партнер на СДСМ, учествуваат и проидонесуваат во власта на промените надежта и во расчистувањето со севкупниот пустошоставен од претходната власт.
– Полето на дерјствување може да се види од тоа како е концепиран нашиот заштитен знак, симболот на партијата. Имено неговите елементи го симболизираат на економскиот напредокот, потоа јасната визија, вистината и надежта, општествениот напредок и кохезијата, додека апликацијата со маслиновите гранчиња, – мирот и просперитетот – објаснува претседателот Земон.