Општината најави дека во рамки на меѓународен проект ќе се изработи физибилити студија за претворање на улицата „Македонија“ над градскиот кеј во пешачка зона.
На ваквата одлука жителите на улицата со остри реакции.
-„Како е можно да се носат вакви избразани одлуки? На таа улица живеат илјадници луге. Има куќи, хотели, станбени згради. Ккао ќе дојде пожарна, Брза помош, погребално? Како ќе стигниме ние дома со кола? Каде ќе ги носиме нашите автомобили? Бараме од надлежните итно да ја преиспитаат оваа одлука, стои во реакцијата на граѓаните испратена до Охриднет.ком.
Против оваа одлука се огласи и пратеникот Томислав Тунтев, кој на својот фејбук профил напиша:
-„Не постои град на езеро или на море во Европа – атрактивна туристичка дестинација – каде што главната сообраќајница што се протега по крајбрежјето – непосредно покрај кејот, променадата или шеталиштето – се затвора за одвивање на моторен сообраќај, односно каде што се забранува движење на моторни возила… таквата сообраќајница, што ги исполнува сите инфраструктурни, градежни, технички и сообраќајни стандарди и услови за одвивање на моторен (динамички и стационарен), велосипедски и пешачки сообраќај, никогаш не се претвора во пешачка зона… напротив, таа улица во сите туристички урбани центри е главна собирна сообраќајна “артерија”, што еднонасочно ги “впива, води и извлекува” сите сообраќајни текови од старото градско јадро и централните пристапни улици и овозможува непречено, безбедно и уредно одвивање на сообраќајот.
Евентуалната забрана за движење на моторни возила по сообраќајницата на Кејот Македонија во Охрид и нејзино адаптирање во пешачка зона, од сообраќаен аспект, би било сосема несоодветно, лошо и погрешно решение!“, вели Тунтев.
