ФОТО: Мерцедес „падна“ на патот пред Охрид

Мерцедесот „падна“ од десниот коловоз на дел од автопатот во изградба.

Од вчера, автомобил „Мерцедес“ стои заглавен помеѓу десната коловозна лента од патот од Подмолје кон Охрид и автопатот во изградба, наспроти некогашното стрелиште „Мауцкер“. Мерцедесот, движејќи се кон Охрид, едноставно опасно се приближил до ивицата од десната коловозна страна и „паднал“ врз дел од автопатот во изградба. На овој потег, на неколку места е голема висинската разлика помеѓу постојниот пат и автопатот во изградба, што претставува огромна опасност за безбедноста во сообраќајот. Дали возачот изгубил контрола или направил погрешна проценка на позицијата на автомобилот што го управувал, незнаеме, но, се надеваме дека останал неповреден. Штетата врз возилото е помалку важна а евентуалните оштетувања, ќе се поправат и средат.
Инаку, на овој дел од патот Охрид-Подмолје-Кичево, каде години по ред се гради автопатот, безбедноста во сообраќајот е испод секој минимум и за жал, случени се повеќе сообраќајки меѓу кои и со трагичен епилог односно со човечки жртви. Тука, итно е потребно поставување на сообраќајно-техничка и светлосна сигнализација како и други помагала кои видно ќе им помогнат на возачите да се движат на безбедно растојание од ивицата на патот. Ова посебно е важно ноќе кога видливоста е уште послаба. Сега и одма, потребна е итна реакција од надлежните служби се додека не се случила сообраќајка со поинакви последици, после веќе е предоцна.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани