Новата рекреативна патека, што води од Саат кулата до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“ остана неуредена.
Шетајќи по неа ќе видите оставени исечени гранки од дрвјата, натрупан отпад, расфрлано ѓубре. Многу лоша слика која ја покажува нашата негрижа.



Ниската свест на граѓаните, но и негрижата на надлежните ја нагрдува сета божествена убавина со која Охрид и Охридското езеро се надалеку познати.
Ова е вистинското лице за кое сите треба да се трудиме да го сочуваме.



Патеката треба да се доуреди и оплемени со клупи за одмор и корпи за отпад.
