Утрово на социјалните мрежи се појави фотографија од Охрид која предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
На фотографијата се гледа како на градскиот кеј покрај Охридското езеро на килим лежи човек, а пред него пијалок и храна.
Охриѓани ја споделуваат фотографијата со коментари од типот:
„Охрид не е скап, ние го правиме евтин“ ;
„Ова ли е елитен туризам“ ;
„Ова е почеток на крајот“;
„Елитен туризам во Охрид: Рент-а-церџе.
Од синоќа почна Монти Пајтон“;
„Не им чинеа убаво уредените угостителски објекти на плажите, па сега ваков туризам ќе развиваме“;

Фото Фејсбук
