ФОТО: Орбан се зпозна со културно историските знаменитости на Охрид

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан кој до вчера престојуваше во официјална посета на змејава, се зпозна со културно историското богатство на Охрид. Унгарската делегација ја посети црквата Света Богородица Перивлепта, Галеријата на икони, Античкиот театар и положија свежо свеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј.  Во Перивлепта ги пречека Владиката Тимотеј. Делегацијата ја придружуваше и градоначалникот Кирил Пецаков.

– Имав особена чест и задоволство да ги придружувам премиерите на Македонија и Унгарија, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан во прошетката низ Охрид.Како домаќин ги запознав гостите со вонвременската убавина на градот, преку прошетка низ стартот дел и посетата на неколку културно – историски знаменитости. Охрид има голем потенцијал што да понуди во сферата на туризмот што беше нотирано од двете делегации.Се радувам што Охрид станува препознатлив кај се повеќе луѓе од секаде низ светот, истакна Пецаков.

Делегацијата попладнето беше во посета и на манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски.

Македонија има што да понуди. Ја посетивме црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид. Место преполно со историја и духовно наследство, напиша премиерот Мицковски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани