Во понеделник ќе се одбележи Светскиот ден на срцето

По повод светскиот ден на срцето, кој секоја година глобално во светот се одбележува на 29ти Септември, оваа година ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, во соработка со Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје, организира настан чија цел е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето.
Македонија е земја со многу висок ризик за кардиоваскуларни заболувања и сметаме дека со спроведување на оваа кампања ќе допринесеме кон подигање на свеста кај луѓето, а во интерес на намалување на кардиоваскуларниот ризик и превенција на сериозни кардиоваскуларни заболувања.
За таа цел во просториите на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, планирано е да се спроведат активности кои ќе опфатат мерење на крвен притисок и скринирање на кардиоваскуларниот ризик кај луѓето, проследени со споделување на совети и информативни материјали од страна на доктори од болницава и претставниците од Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје.

Акивностите ќе се реализираат на 30.09.2024г.(понеделник) во периодот од 9.00 до 12.00 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани