ФОТО: Ова е дивоградбата, каде вчера асистираше полицијата

Ова е дивоградбата, каде вчер асистираше полиција.

На улицата „Марко Нестороски“ во близина на  популарната Крст џамија и покрај забраната за нелегално  изведување на градежни зафати, инвеститорот продолжил со дивоградба. По барање на општинските инспектори и со асистенција на полицијата беа приведени градежните работници и беше стопирана дивоградбата. Општина Охрид апелира граѓаните да го почитуваат законот. 

 

-„Локалната самоуправа апелира до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да не почнуваат нелегално да градат, бидејќи нивните објекти во најкус рок ќе бидат урнати. Доколку сами не ги урнат започнатите дивоградби, тоа ќе го стори општина Охрид, а трошоците, по достава на трошковникот, ќе бидат на товар на инвеститорите. Воедно, согласно со законските прописи, против нив ќе бидат покренати соодветни кривични пријави за нелегално градење.Вчера, овластениот градежен инспектор при општина Охрид, поради продолжување на градењето на нелегален објект на улицата „Марко Нестороски“, кој претходно беше означен и запечатен, побара асистенција од СВР- Охрид. Во акцијата, СВР -Охрид поради постоење основи за сомнение за изведување бесправна градба, приведе тројца градежни работници, кои работеле на изградбата на нелегалниот објект на улицата „ Марко Нестороски“ . Вчерашниот настан покажува дека Локалната самоуправа цврсто е определена брзо и ефикасно да се справува со дивоградбите.

Контролите за нелегално градење ќе се итензивираат, а во нив ќе бидат вклучени СВР-Охрид и другите надлежни државни институции“,информираат од општина Охрид.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани