ФОТО: Полициски час во Охрид

Вечерва и во Охрид како и во целата држава, на сила е полициски час како најригорозна мерка за борба против корона вирусот.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на својот ФБ профил објави видео и повеќе фотографии од празните охридски улици кои најсликовито говорат како изгледа градот вечерва. Портпаролот на својот ФБ го објави и следниов пост:
„Охрид вечерва под полицискиот час. Ваква е сликата вечерва во Охрид во 21 часот, откако на сила стапи полицискиот час. Охриѓани ги почитуваат мерките и ограничувањата за движење од 21 до 06 часот. Охрид, вечерва е празен а на улиците само полициски службеници кои се грижат за безбедноста, вршат патроли низ градот и приградските населби со цел доследно спроведување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
– Охриѓани ја покажаа свеста и совеста. Сепак, апелирам да седиме дома, да се грижиме за хигиената и да не излегуваме без нужна потреба, порача на својот ФБ профил, Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани