ФОТО: Самостојна изложба на уметникот Никола Упевче

Самостојна изложба на уметникот Никола Упевче во Охрид.

Синоќа пред бројна публика беше отворена изложбата   под наслов „Мозаик колаж“  во Куќата на Робевци. 

Изложбата е организирана по повод 22 години труд, но и поради изработеното ремек дело  мозаик – мапа на градот Охрид, кое ќе биде поставено на влезот во Стариот град. 

– Изложбата е по повод завршувањето на најголемиот мој проект мапа кој траеше цели 12 години.Се собраа многу мои дела кои сум ги работел изминативе 22 години мои лични остварувања од изминатиот период, вели Никола Упевче за Охриднет.ком.

Делата на Упевче се изложени низ познатите галерии во Франција и Италија. 

Изложбата ќе биде отворена до 7 ми август за  љубителите на убавото ќе имаат прилика да погледнат 40 тина уникатни дела. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани