ФОТО: Сеќавање на вовчето „Киро“ Охрид – Скопје

Сме пишувале многу пати за вовчето „Киро“ , но секоја „нова“ откриена фотографија  за нас е нова инспирација. 

 

Потсетување на едно друго време кога градот имал железничката станица. Фотографијата е   направена во  1961 година го прикажува патничкиот воз, влечен од локомотивата 99.4-027. Охридското популарно „чајниче“ сообраќало на релација Охрид -Кичево -Скопје. 

Оваа фотографија е објавена во фејсбук групата „Охрид слики од минатото“ од Милчо Георгиески. 

Патувањето траело  цели 22 часа. Да многу долго,  … легендарното охридско чајниче кое денес во сеќавање на минатото стои во Кичево.


Западната железничка траса Скопје – Охрид функционирала од 1919 до 1966 година. Вкупната должина изнесувала 163 km, а во периодот додека функционира на местата каде поминувала биле израдени/обновени вкупно 201 објект, 48 мостови и 36 крстосници.

 Повеќе детали за охридското чајниче на претходна наша објава:

 

Скопје Охрид 22 саати со воз… Знаете за легендарното чајниче?

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани