Стара охридска свадба на градскиот плоштад.
Фотографијата, објавена во популарната група „Охрид слики од минатото“ датира од 1950 година.
Невестата е Леонора Чекреџи познатата спикерака од Радио Охрид.
Станува збор за традиционална градска свадба.
– Напред се легендарните охридски трубадури, тајфата на Садило. Во средината на фотографијата е невестата со деверите, а лево се гледа и легендарната лебара “кај Матјана”, информира Милчо Георгиевски сопственик на фотографијата.

