Фотo: Свечена Ѓурѓовденска литија во Струга

Со божествена  Ѓурѓовденската  литија  Струга   се  поклони на патронот Победоносен и Великомаченик Ѓорѓи.

 

Годинава поради пандемијата ,  изостана масовноста на древната  традиција. Свештениците во намален број, со монашкото братство  од Бигорскиот манастир  и сестринствата од Рајчица и Пречиста ,  во свечена  поворка со чудотворната икона и моштите  на светителот    го благословија  градот на мостовите. 

За прв пат  немаше  хор и оркестар, верници од земјава и странство,  изостана и  семенската гарда и коњаниците…. Верниците   беа распоредени низ градот , по тротоарите на улиците  на дистанца со заштитни маски.

-Оваа година струшката литија ни се случува во пандемија, па затоа без огромна бројка на народ на која сме навикнати во минатитте години. Меѓутоа луѓето кои се сега во своите домови наместо овде не трба да тагуваат бидејки во вакви околности молитвата треба да ни биде уште посилна и да го привлечеме благословот на Свети Ѓорги кој треба да го псоети сеиј дом“, вели Ефимија монахиња од манастирот во Рајчица. 

Литијата е лек, тоа се покажало и во минатте векови и денес. 

– Во ова алитија годинава го запазуваме строгиот ред, носење на заштитни маски да оддадеме слава и чест на Свети Ѓорги. Оваа литија е голем благослов за цела земја. Морам да дополнам дека откако се направи литија со моштите на Цвети Ѓорги во Рајчица додека траеше карантинот во дебарскиот регион после литијата бројот на заболени од Ковид 19 почна значително да опаѓа за на крајот да стгнеме до нула заболени во градот Дебар“, вели монах Кирил од Бигорксиот манастир. 

Стружани од најмладо до најстаро, велат овие денови во срцата им се буди духовна радост, ја чувствуваат милоста на светителот.

Литијата е одлика на долгата струшка православна традиција. Овој величествен духовен настан  се негувал  пет векови, а е  возобновен последниве единаесет   години.

Над 15 000 верници од сите краишта на земјава и гости од странство  до лани   ја продолжуваа   древната   традиција. Река од народ сплотени и  единствени во молитвата, во свечена  поворка ширеа торжествена  празнична  благодат. Годинава не толку масовно,  но со надеж в година да продолжи традицијата. 

Новинар Соња Рилковска

 

 

 ВИДЕО од линкот на Македонска телевизија

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани