Тешка сообраќајка денеска се случи кај Прентов мост на влезот од селото Куратица.
При судирот на два автомобили повредено е едно лице. Тој бил хоспитализиран во општата болница Охрид и пуштен на домашно лекување.
.jpg)
На оваа црна точка, секојдневно има по неколку избегнувања на судири, велат мештаните.
-Жителите на Куратица, превозниците на патници превозниците на матријали од каменоломот , се соочуваат секојдневно со избегнување на вакви сообракајки, и покрај сообракајниот знак дека има спореден пат и полна линија
МЗ Куратица ќе бара заедно со СВР најбрзо што може да се изнајде решение на овој проблем.
.jpg)
Со критичната точка кај Прентов мост засегнати најмногу се селата Куратица, Плаке, Речица и Каменоломот.
