Денеска извршено е порибување на рекреативната зона акумулација Глобочичко Езеро.
Езерото е порибено со 250 кг подмладок од крап. Подмладокот е со големина од 100 до 900 гр/парче и истиот е набавен од Репроцентарот „АКВАТИКА“ од Демир Капија.
Порибувањето е во рамките на програата за 2019 година и е согласно Договорот кој КРАП 2015 ДОО ги имат склучено со МЗШВ.
Наскоро ќе има и порибување со речна пастрмка.Надзорот на порибувањето е извршен од страна на Државниот инспектор за земјоделство од областа на рибарството со аквакултурата М-р Јован Бојчовски.




ВИДЕО
