Прекрасни, стари семејни фотографии во чест на прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски.
Денес вредни спомени за сопругата Надица Стојаноска и двете нивни прекрасни полнолетни деца.
Професорот доктор Јован Стојаноски почина на 15 декември 2018 година, беше почитуван професор на Факултетот за туризам и градоначалник на град Охрид.
Малкумина знаат за неговиот приватен живот. Беше човек, кој животот го мина во љубов и слога со сопругата Надица. Средношколската детска љубов беше крунисана во 1994 година, кога се роди и синот Димитар.

Со Надица беа школски другари, во истиот клас во економското училиште во Охрид. Другарството на 17 години им прерасна во доживотна љубов.
.jpg)

.jpg)
Свадбена фотографија со најдобрите другари, кумови и девери.

После четири години, од свадбата, во 1998 година се роди второто дете во семејството, девојчето Елена.
.jpg)
Јован и Надица заедно ја прославија матурата како што и доликува „матурски партнери“ пред точно 30 години.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Фотографија од испраќањето во војска. Стојаноски со родителите и братот.
.jpg)
Живот исполнет со убави мигови, семејна среќа. Фотографија од првиот роденден на Димитар.
.jpg)
Беше прекрасен татко, кој грижливо го воспитуваше своите две сакани деца.

Фотографиите можеби еден ден ќе избледат, но спомените и љубовта остануваат вечно во срцата на саканите.
.jpg)
Фотографии од незаборавни заеднички одмори и патувања.
.jpg)
.jpg)

Фотографија од убавите средношколските денови со класната Поликсена Тунтева.
.jpg)
Фотографија од струшката литија во чест на Свети Георгиј каде Стојаноски со сопругата беше почесен гостин.
.jpg)
И за крај , секогаш насмеан и расположен. Така и замина така и ќе го паметиме.
.jpg)
Фотографиите од семејниот албум Охриднет за јавноста ги објавува денес во чест на утрешниот 40 дневен помен на градоначалникот Јован Стојаноски.
Почивај во мир почитуван градоначалник.
