Зурлите и тапаните одекнаа високо на Јабланица.
По единаесетти пат синоќа во Вевчани свечено беше отворен Фестивалот на народна култура „Пображење“. Фестивалот останува верен чувар на богатата традиционална музика и песна на вевчанскиот крај, заслужен за силна афирмација на македонската вековна култура и збогатување на туристичката понуда во Вевчани и регионот.
-Фестивалот на народна култура Пображење Вевчани е значаен за развојот на фолклорната традиција во Македонија, но и за други учесници кои доаѓаат тука исто така е значаен за промоција на туризмот во Вевчани“, вели Кирил Бебекоски од КУД Дримкол.
-Овој фестивал Пображење е многу значаен фестивал за Вевчани за промоција на културата и туризмот во Вевчани бидејки во овој период навистина имаме голем број туристи кои доаѓаат токму за овој фестивал“, вели Сашо Јанкоски градоначалник на општина Вевчани.
Вевчани отсекогаш бил достоен чувар на традицијата, со векови го негува и презентира фолклорното творештво и богатото македонско културно наследство. Во Куд Дримкол членуваат 150 фолклористи почнувајки од 6 до 60 години.
-Ова е невестинска носија богата која што ја носеле невестите во Вевчани, вели Јасмина Бебекоска член на КУД Дримкол
Покрај сценско уметничката презентација на орската, инструменталната и вокалната култура, во рамките на фестивалот се реализира и програмска содржина: „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници”, на која тема сликаат академски сликари, воедно и стручна едукативна вечер „Народните ора низ призмата на етнокореолошките записи”.






Новинар Соња Рилковска
