Од охридското пристаниште денеска стартуваше „Off Road Adventure“ во која има 350 учесници, 200 теренски “Off Road” возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши од Македонија, Словачка, Полска како и од соседните земји.
Оваа манифестација се организира по втор пат во Охрид, со што замисливме да направиме две трки, затоа што забележавме дека луѓето се позаинтересирани за такви настани, а доказ е масовноста на настанот. Трката ќе се одвива на Илинска Планина, кај Илински Манастир, стазата е екстремна каде што 20 учесници ќе се натпреваруваат на време. изјави Александар Илоски од организатоорот „Off Road“Охрид.
-СВР-Охрид и ОСБСП активно се вклучија во овогодишнниот Off Road и ова беше поголем предизвик за нас бидејќи овој пат навистина имаме голема масовност, имаме големи звучни имиња, имаме екипи од многу земји. Сакам да ве поздравам и да ви посакам успешно возење, знам дека тешка ќе биде стазата, посебно што имаме и многу сонце денеска, но верувам во вашите способности, верувам дека сте добро подготвени и ви посакувам успешно возење, лесна траса, а и да му честитам на организаторот за сите ангажмани на целокупниот напор кој што го направи да биде беспрекорна организацијата што претставува значаен и голем настан за Охрид. Уживајте во Охрид и во целиот Охридски регион кој што ќе го поминете заедно со вашите џипови и мотори. Ви посакувам се најдобро и уште еднаш честитки до организаторот. “ – рече м-р Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и портпарол на СВР Охрид.