ФОТО:„Младост без лудост“ се реализираше во Охрид

Во рамки на кампањата „Младост без лудост„ општинскиот совет за безбедност во сообраќајот од Охрид денес организираше едукативен настан.

Во рамки на кампањата „Младост без лудост“,денеска беа подделени едукативни материјали за безбедно и одговорно учество на најмладите во сообраќајот во текот на летната сезона. Ова е една од низата активности кои РСБСП ги реализира во летниот период во една од најпосетуваните туристички дестинации во Скопје. Вакви и слични активности ќе се реализираат до крајот на ова лето.

-Кампањата, пред се е насочена кон подигнувањето на безбедноста на младите кои влегуваат во категоријата ризични учесници во сообраќајот и кои често се причина за предизвикување сообраќајни незгоди но и кои најчесто страдаат во сообраќајни незгоди.Упатувам апел до младите возачи да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и да внимаваат при управувањето со мотори и патнички автомобили, изјави м-р Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на град Охрид.

Извор фото: ФБ РСБСП

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани