Охридскиот градоначалник Константин Георгиески со поддршка до Марко Пејчиноски.
-Марко Пејчиноски ти си нашиот херој, ти си нашиот уникатен пример за храброст и истрајност. Ти испраќам позитивна енергија и најубави мисли, како поттик за твојата посветеност, за твојата борба, за остварувањето на твојот сон. Нека Охридското Езеро биде твојот сојузник, а вербата во Бога нека ти го осветли патот до целта! Ја имаш мојата максимална поддршка! Напред Марко!, напиша градоначалникот Георгиески на официјалниот фејсбук профил.