Георгиески го доби уверението за градоначалник

Доделувањето беше денеска на пригодна свеченост.

Во присуство на сите членови, претседателот на Општинската изборна комисија Климент Камнароски, денеска официјално му го врачи Уверението на новоизбраниот градоначалник Константин Георгиески.
Ја користам приликава да им се заблагодарам на сите граѓани кои гласаа за мене, мојата програма и визијата за поубав и попросперитетен Охрид. Ги уверувам и оние охриѓани кои гласаа за противкандидатот, дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани и ќе ги вложам сите лични капацитети да го реализирам ветеното.Со координирана работа со Советот на општина Охрид и локалната администрација ќе ја забрзаме динамиката за реализирање на веќе започнатите проекти, а паралелно ќе ги привршуваме постапките за почеток на новите.
Програмата, со бројните проекти речиси во сите сегменти на подобрување на животот во Охрид, добро и се познати на јавноста. Верувам во себе и моите соработници и ги уверувам граѓаните дека ќе го реализираме ветеното и дека ќе воведеме нова практика за брза подготовка на потребната документација за аплицирање на повиците за користење средства од европските фондови“– рече градоначалникот Константин Георгиески.

Social profiles