Кејот „Македонија” ќе добие нов лик.
Кејот „Македонија” на брегот на Охридското Езеро во Охрид, со својата природна местоположба е една од главните атракции, најфреквентните и најпосакувани места за охриѓани и за туристите, кои секојдневно го посетуваат нашиот туристички центар.Во минатото имало неколку активности за реконструкција и уредување на просторот на кејот, но со текот на изминатите години шеталиштето е многу амортизирано а бетонот на постојната конструкција на крајбрежниот ѕид во најголем дел е еродиран и оштетен, изјави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески.
– Оттука се наметнува потребата од реализација на нов проект за реконструкција на кејот, како една од најважните туристички зони во градот.Веќе имаме изготвено Проект за реконструкција, издадено е одобрение за градба и изработена е Студија за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти од реконструкцијата. Вкупната процената вредност на проектот е околу 1,3 милиони евра и за негова реализација планирано е да се обезбедат средства од алтернативни извори на финансирање, како што се фондови или програми кои поддржуваат развој на туристичката инфаструктура, а со реконструкцијата ќе се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона. кажа Георгиески.
Додаде дека Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а предвидено е отстранување на постоечките бехатон плочи и поставување на слој од полупропусен цемент, врз кој ќе бидат поставени гранитни плочи.
– Проектот предвидува и декоративни ѕидчиња од бетон обложени со камени плочки, врз кои ќе бидат поставени дрвени клупи. Исто така ќе биде поставена и нова урбана опрема како што се држачи за велосипеди, корпи за отпадоци, клупи, скали за пристап до водата, нови канделабри за осветлување, а ќе биде изведено и соодветно хортикултурно уредување.Нашата цел е Охрид да добие јавни површини со современ лик, достојни за еден туристички и културен центар, соопшти градоначалничкиот кандидат.
Ние ги разбираме приоритетните потреби на заедницата, ги слушаме барањата на граѓаните и континуирано работиме на подобрување на условите за живеење.Ветуваме реални и остварливи проекти, а граѓаните знаат да ги препознаат вистинските вредности. Само заедно можеме да го направиме Охрид подобро и посакувано место за живеење! На 21-ви април да излеземе и да гласаме за бројот 7 за подобра иднина на нашиот град! Заедно Напред, За Охрид, соопшти Константин Георгиески кандидат за градоначалник на Охрид од СДСМ.

