Георгиески: Го славиме делото за слободна, самостојна и суверена држава

Чествувајќи го денешниот ден како држава и нација го славиме делото за слободна, самостојна и суверена држава, вели градоначалникот Константин Георгиески во својата честитка. 

Со својата пожртвуваност македонските револуционери Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев станаа основоположници на македонската држава која преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 –ми Септември се надградува и осовременува.
Делата на македонските револуционери оставиле неизбришливи траги во македонската историја и се основата на сите подоцнежни триумфи и победи .
Славејќи ја нивната пожртвуваност за слобода и независност, уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ продолжува да чекори напред.
Нивните дела не поттикнуваат, да ја градиме нашава слободна, суверена и самостојна земја како економски просперитетна држава која се стреми да биде рамноправна единка во големото европско семејство.
Нека е честит 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба!, стои во честитката на Георгиески. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани