После препораката на Унеско, Охрид да биде ставен на листата на загрозено културно наследство , првиот човек на градот заедно со службите итно започнаа со планови и заложби за имплементација на сите забелешки на комисијата , со цел да не се дозволи градот да го изгуби статусот како заштитено културно и природно светско наследство.
Извештајот на Унеско е реален и ја отсликува состојбата на градот, но Георгиески вината за состојбата ја лоцира во претходната власт.
Градоначалникот најави дека веднаш започна отстранувањето на палмите в долж градскиот кеј, што исто така беа една од забелешките на УНЕСКО.На нивно место ќе се садат автохтони дрвја. Ќе биде воспоставен и Мораториум за градби во крајбрежието , но за тоа прво треба законска основа. Во рок од 30 дена ќе биде изготвен регистарот на дивоградби. Воедно најави дека ќе се изнајде начин и за решавање на проблемот со нелегално изградените објекти кои ги има околку петстотини.
– „Интересот на Охрид треба да биде на прво место. Јас не сум присталица на репресивни мерки или рушење но мора да воспоставиме систем на функционирање и процедура која е неминовна. Во соработка и со државните иснтитуции и ние како локална власт ќе пристапиме кон селективно запознавање со секој еден случај кој што би бил предмет на таков процес а потоа извршувањето ќе биде неселективно. Мора ние случај по случај да го разгледаме и кога ќе пристапиме кон отстранување на дивоизградени објекти тука ке има неелктивност и никој нема да биде поштеден“ , рече Константин Георгиески градонаалник на Охрид.
Една од забелешките е и минарето на Алипашината џамија, кое воедно е дивоградба, за што Георгиески вели дека во тој случај локалната нема никакви ингеренции.
– „Точно е дека не е издадена градежна дозвола и точно е дека не е во деталниот план предвидено минарето. Но во услови кога проблемот е надлежност на државните институции и во услови кога ние имаме договор за соработка мегу влади на две држави тогаш апсолутно јас како градоначалник немам тука никакви ингеренции дотолку повеќе што станува збор за соработка меѓу влади на две пријателски држави“, додава Георгиески.
Георгиески ги спомена и позитивните нотификации на извештајот од УНЕСКО. Тоа се откажувањето од ски ценатрот на Галичица, eкспресниот пат Охрид Свети Наум, решавањето на Сатеска и расчистувањеtо на депониите .
За решавање на нотираните забелешки од Унеско треба да се донесе законот за управување со природното и културно наследство, кој се уште е во нацрт верзија.
Според дел од изработувачите во него недостасуваат клучни одредби кои ги дефинираат надлежностите на градежниот инспекторат.
–„За да може да се стави мораториум на градба и на легализацијата на дивоградби, мора јасно да се дефинирани надлежностите на градежниот инспекторат. Тоа го нема во законот. Дел од работната група, вработени во ресорните министерства и влада ги остраниле тие членови од предлог законот. Со тоа самиот закон е мртво слово на хартија и неспроведлив, појаснува за Охриднет.ком Александра Бујароска од невладината Фронт, која лично беше дел од работната група во изработката за истиот закон.
Дали Охрид и државата ќе се освестат и ќе ги преземат сите мерки за градот да го зачува статусот на светско кутлруно и природно нaследство останува да се одлучи на 43-та Сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, што ќе се одржи во Баку, Азербејџан, од 30 јуни до 10 јули годинава.
Новинар Соња Рилквска