Оваа локална власт во континуитет вложува средства за унапредување на спортот, за помош и развој на спортските клубови, вели градоначалникот Константин Георгиески.

Значителна поддршкасе обезбедува и за голем дел од спортските манифестации и настани кои се во насока на промоција на нашиот град, но и за развој и промоција на здравите животни навики и збогатување на туристичката понуда на Охрид. Ќе продолжиме понатаму со поддршка на спортот и вложувања во спортската инфраструктура, пишува Георгиески.
