Ќе се стопираат градежните активности кај поранешниот ресторан „Парк“. Ова следи откако вчера владата на барање на министерството за култура донесе нови заклучоци за заштита на Охридскиот регион.
Околу актуелните случувања кај Парк, а во насока на заштита на крајбрежјето на Охридското езеро, Министерството за транспорт и врски во рок од два дена ќе формира стручна комисија која ќе изврши увид во работата за Општина Охрид за процесот на издавање и спроведување на одобрението за градење на локацијата и за своите наоди ќе ја извести Владата на наредната седница.
Градоначалникот Константин Георгиески вели откако официјално ќе ги добијат заклучоците ќе постапат по барањата на Владата, а ќе се изврши и вонреден инспекциски надзор.

-,„Владата побара да доставиме информација за важноста на одобрението за градба ние ќе постапиме. Воедно побара да се превенираат понатамошни активнсти до утврдување на фактичката состојба затоа што министерството за транспорт ке формира комисија и ке изврши надзор на постапката за издавање на одобрението. Ние ќе направиме вонреден инспекциски надзор да ја утврдиме фактичката состојба и ќе испратиме известување да се прекинат градежните активности“, вели Георгиески градоначалникот на Охрид.
Во однос на останатите заклучоци донесени вчера од владата, граоначалникот вели тие ревносно се почитуваат.
– „Другите задолженија се усталени постапки кои ние ги почитуваме во општината. Во однос на обезбедување на конзерваторски услови за одобрениејата за градба во споменична целина и контактна зона и во ппланови т.е. проекти и одобренија кои не се усогасени со Планот за управување “, додава Георгиески.
Владата ги задолжи сите надлежни министерства и инспекторати, во взаемна и постојана комуникација и преку давање на стручна помош да ги решаваат проблемите со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Владата им укажа на општините Охрид, Струга и Дебарца, одобренијата за градба да ги издаваат со извод од ДУП и од Планот за управување со Охридскиот регион. Општините Охрид, Струга и Дебрца до донесувањето на новите урбанистички планови кои ќе бидат усогласени со Планот за управување, изградба на објекти или преземање на мерки на непосредна заштита со кои се нарушува интегритетот на културното наследство на Охридскиот регион, задолжително да се врши со издавање на заштитно-конзерваторски услови.
Новинар Соња Рилковска
