После Велигденските празници продолжува уривањето на бесправно изградените објекти вдолж охридското крајбрежје.
Заврши тендерто и избрана е фирма, информира градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Уривњето продолжува од хотел Метропол кон Градиште. Сите нелегални шанкови, паркинг рамши и лежалки ќе бидат отстранети.
-Со дополнителни 3 милиони денари ќе ги чистиме и уредиме плажите од шутот од отстратените бесправно изградени објекти.
Во следниот период продолжуваме со отстранување на останатите објекти кои бесправно делуваат на плажите. Сепак за континуиран процес на отстранување на бесправните објекти потребна е соработка и финансиска помош од Централната власт, иформира Георгиески.
