Георгиески со Шеќеринска и претсавници од Армијата на врвот на Галичица

Во чест на Денот на независноста, Министерството за одбрана денес организираше планинарска тура „Две езера-две стратешки цели-ЕУ и НАТО“, пренесе ТВМ телевизија. 

Со припадниците на Армијата на чело со министерката за одбрана Радмила Шекеринска беше и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Шеќеринска од врвот Лако Сигној на планината Галичица порача дека погледот од тој врв е симболички и покажува дека сме насочени кон двете стратешки цели и кон членство во ЕУ и кон НАТО. Членството во НАТО алијансата, едно од нашите главни стратешки цели, ни е на дофат. Од него не делат недели или неколку месеци, кажа министерката.

„Со истата сила со истата енергија , со истата упорност и знаење сега се свртуваме и кон втората стратешка цел а тоа е почетокот на преговори со ЕУ. Како што погледов на двете езера не остава без здив така можеби ќе не остава без здив и работата на овие две стратешки цели . Тешки се но задоволството и резултатите се неверојатни. По повод овој Ден на независноста сакаме да ја испратиме пораката до целата наша татаковина дека трудот се исплати , дека енергијата , вложувањето, упорноста возвраќаат со резултати.Убедена сум дека нашето членство во НАТО ќе биде дополнителен ветар во едрата за нашите ЕУ планови“ истакна Министерката за одбрана на Република Северна Македонија.

Дел од планинарската тура беше Зоран Јанковиќ Шеф на канцеларија за врски на НАТО кој потсети дека од прогласувањето на независноста , преку конфликтот во 2001 година решен со Охридскиот рамковен договор, до потпишувањето на Договорот од Преспа со Грција, државата минала тежок пат.

„Ова е мое прво доаѓање овде на овој планински врв, навистина имресивно е да се види Охридското Езеро и преспанското езеро. всушност ова е еден многу важен ден за Северна Македонија. на 8 септември 1991 вие одлучивте дека понатака ќе продолжите како ензависна држава па така, овој пат досега не беше многу лесен.НАТО е многу близу до вас, па така се надеваме дека ќе станете триесетта членка на алијансата, и во оваа прилика би сакал да им го честитам на сите граѓани на Северна Македонија Денот на независноста и да им посакам просперитет на земјата“ рече Зоран Јанковиќ Шеф на канцеларија за врски на НАТО.

Честитка до граѓаните на Македонија упати и американската амбасадорка Кејти Мери Брнс.

„Од моја страна би сакала да му честитам на министерот за најезината покана тука да го одбележиме денот на независноста , во природа, убава можност за целата заедница на НАТО и ЕУ да се дружат и заедно да го прослават овој ден“ рече амбасадорката Брнс.

Францускиот амбасадор Тимоние и заблагодари на министерката Шеќеринска за идеата за празнување на Денот на независноста со планинарење во прекрасните предели на Галичица.

„Би сакал исто така да се придружам кон благодарноста на министерката за оваа најубава акција во годината на Министерката Шеќеринска, на една та коте се качувавме за НАТО, а на другата за ЕУ, значи се надевам дека ова ќе биде успешна година и тоа и за мене е предизвик, зошто од локалната ми рекоа дека тука со велосипед не може да се дојде, а јас планирам овој Охрид, Ресен и Преспа регион да го посетам токму со велосипед“ кажа Кристијан Тимоние Амбасадор на Франција во РСМ.

Дел од празничната планинарска тура беа припадници на Армијата, како и градоначалниците на Охрид и Ресен, Константин Георгиески и Живко Бошаревски, планинари и граѓани.

ИЗВОР ТВМ ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани