Ги препознаваме најважните потреби на граѓаните и особено сме посветени на вложувања во инфраструктурата.
До сега реализиравме голем број квалитетни проекти, а во тек се интензивни градежни активности за реконструкција на неколку важни сообраќајници, со кои Охрид добива улична мрежа според сите современи стандарди.
Реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ е многу важен капителен проект за Општина Охрид.
Со оваа инвестиција решаваме еден децениски проблем и обезбедуваме подобри услови за жителите од овој дел на градот.
Со темелен пристап и голема сериозност, продолжуваме да работиме одговорно и домаќински за да обезбедиме подобри услови за сите жители на општината, вели градоначалникот Константин Георгиески.