Георгиески во „Прашалник“ ексклузивно открива што ќе се случи со охридските плажи

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во емисијата „Прашалник“ откри што ќе се случува со охридските плажи. 

 

Современите објекти на плажите нема да дозволам да се урнат, ако треба ќе си поднесам оставка и не ги уривам, рече Георгиески,  на што му честиташе угостителот Патчев. 

-„Најдовме едно поинакво решение. Платфромите ќе мора да се отстранат, но ќе направиме се` да ги зачуваме објектите. Ќе изнајдеме начин општината да ги преземе тие објекти, а потоа да ги реиздава за повторно стопанисување“, рече Георгиески.

Целата емисија „Прашалник“  ќе се емитува премиерно утре во редовниот термин  17 30 ч. а потоа ќе биде објавена  и на ЈУТУБ и Фејсбук.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани