Георгиески: Време е да се зборува за изградба на марина

Охрид дефинитивно има потреба од изградба на марина. И време е да разговараме за нејзина изградба, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. 

Една од изработените студии предвидува изградба на марина но воедно и ревитализација на Студенчишкото блато. 

„Се во насока на заштита на езерото сегашната состојба со пловните објекти и каналот е во незавидна состојба. Според една студија,марината треба да се гради  на местото на Центарот за вода. Треба да се направат ископувања. Водното корито на каналот да се приближи до самиот пат, а под патот да се извршат дупчења со што каналот би се поврзал со Студенќишкото блато. Идејата е од тој проект е да се дренира ревитализира блатото. Самиот водостој ке е до патот,  а потоа со поврзување подземно блаттото ќе се напојува со вода“, вели Георгиески. 

Дел од еколозите беа против оваа идеја. 

За конечна одлука во донос на местоположата на марината ќе се организираат повеќе јавни расправи и трибини со граѓанскиот сектор и еколозите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани