Германската фондација ПОНТ ќе ги заштитува Вевчанските извори.
Покрај финансиска помош за Галичица , Охрид и Преспа, ПОНТ одлучи да финансира и во заштита на ретките врела на Јабланица, како вреден споменик на природата.
Оваа помош е мошне значајана за општина Вевчани за зачувување на овој вреден хидрогеолошки локалитет.

– „Сега влегуваат Вевчани со споменикот на природата и од дригата страна Шебеник како национален парк. Тоа значи многу , бидејки многу ни се потребни тие средства за да воспоставие менаџирање на заштитеното подрачје. Тоа се 50% од вкупниот буџет на заштитеното подрачје“, вели Сашо Јанкоски градоначалник на општина Вевчани.
Со оваа финансиска помош ќе се направат патеки, ќе се вработат ренџери и ќе се постават камери за мониторинг на криволовците.
–„Во тој дел ќе имаме подобри патеки за пешачење , добро уредени исчистени. Побезбедни ќе бидат бидејки ренџерите ќе бидат на терен. Ќе добиеме нова опрема во дел на камери за заловување на животни. Севкупно подобро менаџирање на заштитеното подрачје„, додава Јанкоски.
Ввчанските извори се главната туристичка атракција на Јабланица. Пред ковид кризата просечно годишно ги посетуваа околу 50 000 туристи. Станува збор за недопрена природа и еколошка зона од прв степен на заштита.
Новинар Соња Рилковска
