Гимназијалците од Охрид повторно ќе ја покажат својата хуманост преку традиционален концерт, кој оваа година ќе се одржи под мотото „Филмовизија“.
Настанот ќе се одржи во сабота, 28 март, со почеток во 20 часот во НЦУК „Григор Прличев“, каде публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со филмска музика, емоции и силна порака за солидарност.
Организаторите најавуваат богата програма подготвена од учениците, кои преку својот талент и енергија ќе испратат порака за заедништво и поддршка.
Особена вредност на настанот е неговата хумана цел – сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Ева, со што секој посетител ќе стане дел од една поголема приказна на надеж.
Картите веќе се во продажба во гимназијата, а од организаторите апелираат дека бројот е ограничен, па заинтересираните треба навреме да го обезбедат своето место.
