Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Христијан Мицкоски за Претседател на Општискиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани го реизбра Ѓорѓи Влајнкиноски.
Ѓорѓи Влајнкиноски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2002 година.
За него оваа Одлука е реизбор, затоа што тој ја извршува функцијата Претседател на ОК Вевчани од 2016 година. Од 2016 година и се уште е член и на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
.jpg)
Тој во досегашното политичко делување извршувал многу партиски функции и активно членувал во повеќе партиски тела, комисии и општински изборни штабови.
До 2015 година бил Претседател на УМС во Вевчани, бил член Централниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2009 година избран е и за член во Совет на општина Вевчани од ВМРО-ДПМНЕ.
.jpg)
Ѓорѓи Влајнкиноски е дипломиран правник, во моментов е и магистрант на Правниот факултет Јустинијан Први – во Скопје. Вработен е во Општина Вевчани.
