Гласањето во охридско струшкиот регион тече непречно

Започна изборниот процес за претседателките избори. Сите избирачки места во Охрид отворени навреме. Во општина Охрид на единствениот избирачкиот список има вкупно 51 717 гласачи. Граѓаните своето гласачко право го остваруваат  на 87 избирачки места.

Сите 101 избирачко место во општина Струга утрово беа отворени во 7 часот. Гласањето почна навреме и во трите избирачки места во општина Вевчани, Гласањето се одвива непречно, во мирна и демократска атмосфера. На територијата на општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 60.894 гласачи.

Во општина Вевчани има вкупно 2 072 гласачи на Избирачкиот список , кои гласаат на три избирачки места.

До 9 часот на избирачките места низ државата гласале 3,85 отсто од гласачите. Како што кажа на денешната прва прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, изборите се одвиваат мирно, без пријавени нерегуларности.

„Се гласа на 1.480 гласачки места во 80 општини. До 9 часот, во ДИК се пристигнати податоци за излезност на гласачите од 832 избирачки места каде право на глас имаат 402.748 граѓани. Од нив гласале 15.487 лица што значи дека излезноста е 3,85 отсто“. рече Даштевски.

До ДИК досега се стигнати 12 приговори за заштита за избирачкото право односно од граѓани кои не се најдени во Избирачкиот список. Овие избори ги надгледуваат 950 домашни и 540 меѓународни набљудувачи и 58 странски новинари.

За денешните претседателски избори во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 граѓани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани