Перифериите се места на солидарност кои партнерите на ПРОСПЕР имаат за цел да ги истражат по пат на создавање врски помеѓу еколошки ранливите региони преку низа транснационални културни соработки.
Осуммина меѓународни уметници престојуваа во Охрид во април 2024 година како дел од проектот ПРОСПЕР: ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии. За време на престојот тие се сплотија со околината и остварија интеракција со природата и со урбаното опкружување околу Езерото.
Идејата на резиденцијата беше да се инспирираат уметниците да пронајдат врски помеѓу нивната авторска практика и кревката околина на Охридското Езеро и неговите жители. Уметниците кои беа дел од резиденцијата се изразија преку создавање: фотографии, скулптури, композиции, поеми и интервенции на пронајдени предмети. Траги од нивното креативно истражување се изложени во рамките на групната изложба.
На изложбата може да се видат делата на: Јара Асмар (Yara Asmar), Клаудио Беоркија (Claudio Beorchia), Јулија Ехлер (Julia Eichler), Кафар Рзаев (Qafar Rzayev) како и перформативно поетско чи- тање на Ката Ѓорфи (Kata Győrfi) во определен термин.
Делови од програмата се случуваат и на самото Езеро и во неговата околина.
Муралите на Марија Видовиќ (Marija Vidović) може да се видат на повеќе локации во Охрид, а медитативното звучно доживување на вода на The New Liquidity Андерс Ехлин (Anders Ehlin) и Селма Бошкаило (Selma Boskailo) се случува на Езерото.
Проектот ПРОСПЕР го реализираат 5 организа- ции: Перипетија Продукција и ЛДА Струга (Се- верна Македонија), ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија) и Ојун (Германија).
Проектот е кофинансиран од програмата Креа- тивна Европа на Европската Унија, како и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.