Еден од нашите најважни приоритети е обезбедување на подобри и современи услови за образование. Во таа насока, набавени се 10 смарт табли за OOУ „Св.Климент Охридски”, со што ова училиште стана образовен центар во кој учениците ќе можат да следат целосно дигитализирана настава. Тоа ќе придонесе за поголема мотивираност на учениците да се вклучат во редовните образовни активности. За оваа намена издвоени се 390.000 денари од буџетот на Општина Охрид, како дел од годишната развојна програма на училиштето, информира градоначалникот Кирил Пецаков.
По завршувањето на денешната обука на наставниот кадар, наставните содржини во ова училиште ќе се реализираат исклучиво во дигитална форма и секој наставник ќе оддржува часови со примена на дигитални содржини за интерактивна настава.