Валон Каба нов директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион

Валон Каба е новоизбраниот директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Центарот за развој на Југозападниот плански регион со седиште во Струга, на 11-та седница на Советот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, членовите на Советот на овој центар едногласно го избра за нов Директор г-дин Валон Каба.
Валон Каба бил координатор во овој регион, ангажиран веќе 15 години, учествувајќи во подготовка и реализација на проекти за сите 9 општини кои гравитираат во овој плански развоен регион.
На досегашната директорка и посакуваме многу здравје и среќни пензионерски денови, додека на директорот Валон Каба му посакуваме добра работа, многу успеси и позитивни резултати на новата задача!

Social profiles