Денот на победата на фашизмот одбележан во Струга

Во организација на ОО на СБ од Струга, делегација предводена од претседтелот Ајредин Мемеди, потпретседателот Ванѓел Наумоски и секретарот Никола Попоски, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на градот. Во делегацијата беа приклучени и од Општина Струга, претставници на опоштинските партиски организации и почитувачи на делото на Тито, делегација на ЗП Струга предводена од претседателот Милорад Трпоски и голем број граѓани на Струга и Струшко, положија свежо цвеќе на споменикот на револуцијата.
Свеченото одбележување кое беше по повод 79 годишнината од Денот на победата на фашизмот 9 Мај, како и Денот на Европа и во Струга се одбележа, со полагање цвеќе и читање на реферат пред споменикот на револуцијата во Струга, од страна на претседателот на Боречката организација Ајредин Мемеди.
9 Мај е светски празник и неговото одбележување со другите земји од антифашистичката коалиција претставува голема свеченост. И Република Македонија и Струга како дел од таа антифашистичка коалиција даде свој влог во победата над фашисзмот, затоа граѓаните на Струга и Струшко имаат голема заслуга за светскиот мир и треба да го празнува овој ден, историското значење на антифашистичката војна и 9 Мај –Денот на победата и Денот на Европа.
Во тешко извојуваната слобода на македонскиот народ, животите ги загубиле повеќе од 24 000 борци, од кои 163-ца биле Стружани. Претседателот Мемеди, со пригодни зборови на присутните ги наврати на спомените од втората светска војна, истакнувајќи:  „Да се памети но да не се повтори“. Исто така истакна, дека не се заборавија сеќавањата за Денот на Победата.  „Да се памети, но да не се заборави – истакна во завршните зборови Мемеди, се поклонија на оние кои ги дадоа своите животи за слободата на македонија.
 СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани