Во сеќавање на Великанот Ванчо Николески

На денешен ден, 1912 година, во Црвена Вода, е роден еден од великаните на македонското литературно творештво, Ванчо Николески, основоположник на литературата за деца и млади.
Почина 1980 година, на 67 годишна возраст.
Напиша многу песни, мајстор на ритамот и римата, во училиштата е застапен со “Гоце Делчев” и “Волшебното самарче”.
Самарчето, го гледате на фотографијата, во неговата “Спомен соба”, во Црвена Вода.
Мештаните, во негова чест, ја организираат манифестацијата, Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески “, годинава, шеста по ред.
Се одржува крајот на август, секоја година, започнува во основното училиште во Лескоец, крај Охрид, кое денес го одбележува својот патронен празник, а во понеделник, негови претставници, заедно со членови на здружението МАЦКОВО од Црвена Вода, ќе го посетат вечното почивалиште на Николески во Охрид.
Ова училиште е единствената институција во Македонија која го носи името на Николески и тоа не само во формална смисла, туку длабоко суштински, со пиетет и достоинство, изразено, пред се, со успесите на учениците и пласманот на натпревари и слични активности.
ДПМ доделува традиционално, награда “Ванчо Николески” за роман за деца и млади, но, минатата година, од познати причини, и таа изостана.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани