Почина бебе од Вевчани по пад од кревет

Голема трагедија го потресе Вевчани. Ноќеска во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани,.

Бебето претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата со тешки повреди од страна на неговата мајка.

 

Бебето, според пријавеното било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција.

Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани. Бебето паднало дирекно на глава.Лекарите водеа повекачосвна битка за да го спасат животот на бебето. Се работеше на отстранување на хематом од главата ги вложивме максималните напори за да го спасиме детето од болницата  По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.

Од СВР Охрид велат се преземаат мерки за расветлување на настанот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани